Во критична состојба детето и едната од жените повредени во експлозијата во Романовце

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Во критична животна состојба се четириесетгодишната жена и десетгодишното дете кои се здобија со повреди при денешната експлозија што настана од плинска боца во кумановското село Романовце.

Пациентите во моментов се на лекување во ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде е примена и бремена жена на возраст од околу 20 години.

Ова за МИА го изјави директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје и дежурен хирург Љубен Арсенков.

– Некаде околу пладне со возило на итна медицинска помош донесени се тројца пациенти. Од кои една жена на 40-годишна возраст, кај која уште при првичниот преглед е констатирано дека се работи за сериозни повреди, со голем процент на опеченост, околу 40-50 отсто, и веднаш е ставена на апарати за механичка вентилација во интензивна нега, изјави Арсенков.

Тој изјави дека втората пациентка, на возраст од околу 20 години е бремена во седми месец. Според првичната проценка било дека се работи за опеченост од 20-30 отсто била примена во единицата за интензивно лекување.

Арсенков информира дека бил повикан гинеколог, кој ја прегледал пациентката и во моментот на прегледот плодот бил добар.

– Со пациентката следат натамошни обработки на раните. Жената има изгореници некаде околу 20 до 30 отсто по површината на телото и моментов е во операциона сала на адекватна обработка, а потоа таа ќе се врати во интезивна нега, рече Арсенков.

Третиот пациент е дете на 10-годишна возраст.

– Првично примено поради немање место во интезивна, во шок соба. При првиот преглед детето беше свесно ориентирано, проценката беше дека се работи за помал процент на опеченост. Меѓутоа откако се внесе во сала за адекватна обработка на повредените делови од телото, се воочи дека и кај детето се работи за изгореници од втор степен со зафатеност на површина на телото од 60 до 70 проценти, рече Арсенков.

Додаде дека децата се со посебна специфика и големата површина на опеченост кај нив, во однос на прогнозата за преживување е посериозна и треба повнимателно да се третира.

Три деца починаа, а седум се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце. Од вкупно седумте пациенти кои се здобија со изгореници, четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе