Во петок најдолгото затемнување на Месечината во последните 580 години

Најдолгото затемнување на Месечината во последните 600 години ќе се случи во раните утрински часови во петок, 19 ноември и ќе трае неколку часа.

Врвот на делумното затемнување ќе се случи рано во петок, кога 97 проценти од Месечината ќе биде затемнета од сенката на Земјата. Според НАСА, затемнувањето ќе трае три часа и 28 минути, што е најдолго делумно затемнување во овој век и најдолго во последните 580 години.

Претходно, најдолгото делумно затемнување на Месечината се случи во 2018 година и траеше помалку од два часа.

Затемнувањето ќе биде видливо од сите 50 американски држави, Канада и Мексико, како и од делови од Јужна Америка, Полинезија, Австралија и Кина, соопшти НАСА.

Месечината тогаш ќе биде на најоддалечената точка од Земјата во текот на затемнувањето, забавувајќи ја својата орбита и продолжувајќи го времето потребно да излезе од најтемниот дел на сенката на оваа планета, бидејќи Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат ускладени.

Објавена е снимка со детали како ќе изгледа затемнувањето. Настанот ќе се случи малку по полноќ и за разлика од затемнувањето на Сонцето, нема да бидат потребни посебни очила за да се види овој феномен. Затемнувањето ќе трае неколку часа што го прави најдолг од тој вид во последните 580 години.

Следното затемнување на Месечината ќе се случи во мај, 2022 година.

Remote video URL
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Вести

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more
 

Гик

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе