ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2023

Во последните минути Челси го договори најскапиот трансфер во историјата на Англија

Аргентинскиот фудбалер Енцо Фернандес стана нов играч на Челси во најскапиот трансфер во Премиер лигата на сите времиња, откако зделката беше завршена во последните часови од јануарскиот преоден рок.

Овој фудбалер потпиша договор со „Сините“ до летото 2031 година, поточно на неверојатни 8 и пол години, а на овој начин Челси останува во рамките на законот поради финансискиот фер-плеј.

Цел јануари Челси се обидуваше да го доведе овој одличен играч за врска, но Бенфика никогаш не се согласи на понуда под откупната клаузула, па челниците на клубот од „Стемфорд Бриџ“ на крајот платија 121 милион евра, вклучувајќи ги и дополнителните трошоци.

URL

Споменатите две страни не се единствените во оваа работа, а интересно е дека Ривер Плејт ќе добие 25% од овој трансфер, поточно 30 милиони. Договорено е овој трансфер да се реализира со плаќање на шест рати, но Челзи авансно да плати 40 милиони фунти.

URL

Фернандес во својата кариера настапуваше за Ривер Плејт, а по само шест месеци и извонредни игри, особено на Мундијалот, го напушти најголемиот португалски клуб и се пресели во редовите на „Сините“. Енцо беше дел од репрезентацијата на Аргентина која во Катар стана светски шампион, а на Мундијалот беше проглсен за најдобар млад играч.

Ова е и рекорд на англиската Премиер лига, а претходниот го држеше Џек Грилиш кој од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити за 117,5 милиони евра.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Фудбал

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Read more

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Read more

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе