Во прилепската болница има 30-ина слободни кревети и доволно персонал, стигнуваат волонтери матични лекари

Со новиот ковид-оддел на гинеколошкото одделение, прилепската болница се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со COVID-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентите се примаат без особени ограничувања.

Како што објаснува инфектологот Мирјана Крстеска, раководител на инфективното одделение, во моментов имаат можност за хоспитализација и нега на пациентите.

– Во моментов се хоспитализирани 106, се примаат нови и бројката е до 110, а на располагање се 140 болнички кревети. Заедно со новиот ковид-центар кој е на гинеколошкото одделение, сосема одвоено од акушерскиот оддел. Со тоа малку се разлабави работата за да може да примаме пациенти. Во моментов имаме 30 слободни кревети. Може да примаме пациенти без некои ограничувања, изјави Крстеска.

Нема проблем со персонал во моментов, особено со медицински сестри, со болничари и негуватели. На помош пристинуваат матични лекари-волонтери, а досега се четворица.

– Со пероналот сега сме многу подобри. Доаѓаат и од други места. Лекари немаме многу, да признаеме, но имаме доволно медицински сестри и болничари. Имаме волонтери матични лекари. Еден веќе цел месец волонтира, и со други тројца, сега имаме вкупно четворица матични лекари кои волонтираат.  Помлади се, но многу добро се снаоѓаат во работата, вели инфектологот Крстеска.

Има доволно и антибиотска терапија, а новите лекови ќе пристигнат откако ќе бидат достапни на Инфективната клиника во Скопје.

Според епидемиолозите, последната недела е иста со претходната. За една недела има 425 новозаразени, активни се 965 случаи. Од речиси 110 хоспитализирани, 53 се на кислородна поддршка. Од почетокот на епидемијата во земјава, повеќе од 2.600 се заразени и 114 починати. Само во последната недела починале 18 лица.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе