Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до денес. На првите претседателски избори во 1994 година Глигоров како кандидат на СДСМ освои 715.087 гласа или 78,4%. Негов противкандидат тогаш беше Љубиша Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 197.109 гласа или 21,6%.

На изборите во 1994 година Глигоров го доби вториот претседателски мандат. Првиот го доби од Собранието на 27 јануари 1991 година, само два дена откога беше изгласана декларацијата за сувереност на државата. На овие избори имаше само двајца кандидати за претседател.

Во 1999 година, на вторите претседателски избори, за претседател беше избран Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, во вториот круг. Трајковски во првиот круг имаше помалку гласови од противкандидатот Тито Петковски. Трајковски доби 219.098 гласа или 21,1%, а Петковски 343.606, односно 33,1%, но во вториот круг си ги заменија местата и Трајковски победи со 582.808 гласа, што сочинуваа 53,2%. Петковски во вториот круг освои 513. 614 гласа или 46,8%.

Покрај Трајковски и Петковски, кандидати за претседател беа и Васил Тупурковски од Демократската алтернатива, Муарем Неџипи од Демократската партија на Албанците, Стојан Андов од Либералната партија и Мухамед Халили од Партијата за демократски просперитет.

На третите претседателски избори во 2004 година за претседател во вториот круг беше избран Бранко Црвенковски од СДСМ. Во првиот круг тој освои 385.347 гласа, односно 42,5%, а во вториот круг доби 550.317 гласа или 62,6%. Негов противкандидат во вториот круг беше Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, кој во првиот круг доби со 309.132 гласа, односно 34,1%, а во вториот круг за него гласаа 329.179 граѓани, односно 37,4%. На овие избори имаше уште двајца кандидати, Гзим Острени од Демократската унија за интеграција, формирана две години претходно, и Зуди Џелили од Демократската партија на Албанците.

Претседателските избори во 2009 година, четврти по ред, имаа седуммина кандидати, исто како и сегашните. За претседател во вториот круг беше избран Ѓорге Иванов со освоени 453.616 гласа или 63,14%. Во првиот круг Иванов освои 345.850 гласа. Неговиот противкандидат Љубомир Фрчкоски во првиот круг освои 202.691 (20,54%), а во вториот 264.828 гласа или 36,86%. Во првиот круг поразени беа Имер Селмани од Нова демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од Демократската унија за интеграција, Нано Ружин од Либерално-демократската партија и Мируше Хоџа од Демократската партија на Албанците.

Во 2014 година, на петтите претседателски избори, кога првпат за претседател се кандидираше Стево Пендаровски, Ѓорге Иванов го доби вториот мандат, повторно во вториот круг. Во првиот круг тој освои 448.303 гласа (51,65%), а во вториот беше избран со 534.910 гласа (55,28%). Пендаровски во првиот круг освои 326.069 гласа (37,57%), а во вториот 398.076 (41,14%). На овие избори имаше четворица кандидати. Покрај Иванов и Пендаровски, кандидати беа Зоран Поповски од ГРОМ и Халими Илјаз од Демократска партија на Албанците.

Гордана Силјановска-Давкова првпат се појави како претседателски кандидат на изборите во 2019 година. И, тогаш, како и сега, нејзин противкандидат беше Стево Пендаровски. Тој победи во вториот круг со освоени 435.656 гласа (51,65%). Во првиот круг Пендаровски имаше 322.581 глас (42,81%).

Силјановска-Давкова во првиот круг на претходните избори освои 318.341 глас (42,25%), а во вториот имаше 377.446 гласа (44,75%). Заедно со нив кандидат за претседател беше Блерим Река од Алијансата за Албанците и Движењето Беса, но не влезе во вториот круг.

По првичните и сѐ уште неофицијални резултати од вчерашните избори, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат ќе се борат за функцијата претседател на државата во вториот круг. Силјановска-Давкова вчера освои 362.847 гласа или 40,08%, а Пендаровски е зад неа со освоени 180.386 гласа, односно 19,93% од граѓаните што излегоа на гласање.

По првиот круг отпаднаа Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Бујар Османи од Демократската унија за интеграција, Билјана Ванковска-Цветковска, поддржана од Левица, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата ВРЕДИ и Максим Димитриевски од ЗНАМ.

Вториот круг од седмите претседателски избори ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе