Во Пустец активности за Денот на македонскиот јазик и 100-годишнината од раѓањето на Конески

Повеќе настани поврзани со одбележувањето на Денот на македонскиот јазик и 100-годишнина од раѓањето на великанот Блаже Конески ќе бидат реализирани во следните два дена во Општина Пустец, информираше Македонската амбасада во Тирана.

Организатори на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Амбасадата и Културно-информативниот центар во Тирана, во соработка со Општина Пустец, друштвата на Македонците во Албанија и пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјоски.

Во активностите се вклучени професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, Советот за македонски јазик, Општина Пустец, како и училиштата од Мала Преспа и Пустец „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“.

– Со програмата, на 27 и 28 мај, се предвидени повеќе настани меѓу кои, предавања на професорите од Институтот за македонски јазик наменети за наставниците кои предаваат предмети на македонски јазик, работна тркалезна маса - 100-годишнина од раѓањето на Блаже Конески, активности на дијалектолозите, разговори во врска со книгоиздателството, обезбедување на литература за наставните програми, како и музичка програма во изведба на учениците, стои во објавата на Амбасадата.

Како што информираше за МИА, Стерјовски, еден од настаните ќе се одржи во селото Глобочани во музејот посветен на познатиот албански писател со македонско потекло Стерјо Спасе, кој е родум од ова мало преспанско село.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе