Во САД ќе можат да патуваат само вакцинирани со една од вакцините одобрени од ФДА и СЗО

САД од 8 ноември ги отвораат своите воздушни граници за целосно вакцинирани странски посетители кои имаат примено една од седумте одобрени вакцини против COVID-19 и кои ќе прикажат негативен тест за COVID-19 направен три дена пред патувањето, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во САД ќе можат да патуваат сите кои се вакцинирани со вакцини одобрени од Администрацијата за храна и лекови на САД и од СЗО – американските на Moderna, Pfizer/BioNTech и Johnson & Johnson, како и британската AstraZeneca, индиската Covishield, и кинеските Sinopharm и Sinovac. Руската Спутник V сѐ уште не е одобрена, како од ФДА така и од СЗО.

– Политиката ќе овозможи рестарт на регуларните патувања за оние кои се целосно вакцинирани. Семејствата и пријателите ќе можат повторно да се сретнат, а туристите ќе можат да ги посетат нашите национални паркови и познати места. Политиката ќе го засили економското закрепнување на САД и со задоволство гледаме дека тоа започнува на 8 ноември, изјави портпаролот Нед Прајс.

Берзите во САД вчера изреагираа позитивно на новостите за отворање на САД за странски посетители, индексите на Нaсдак и Доу Џонс порасна за 36,6 и 60.

Ќе има „ограничени исклучоци“, за невакцинирани патници кои патуваат од околу 50 земји со исклучително ниски стапки на вакцинација, а кои вклучуваат некои од најсиромашните нации во светот, многу од оние во Африка. Исклучоците од овие мерки за патување во САД се и децата под 18 годишна возраст. Сите невакцинирани, вклучително и децата, сепак ќе треба да направат негативен тест пред патувањето. Оние на кои им е одобрен исклучок мора да се согласат да се вакцинираат во САД ако имаат намера да останат повеќе од 60 дена.

Исклучоците ќе вклучуваат и „одредени учесници во клинички испитувања за вакцина против COVID-19, оние со медицински контраиндикации за вакцините и оние кои треба да патуваат од итни или хуманитарни причини“, соопшти Белата куќа, јави Гласот на Америка.

– Новиот систем, исто така, вклучува засилени барања за тестирање, зајакнување на следењето контакти, како и носење заштитни маски“, рече висок претставник на Администрацијата.

– Ова се строги безбедносни протоколи според научните факти за да ја зголемат безбедноста на Американците овде дома и безбедноста на меѓународните авионски патувања, велат од Белата куќа.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе