Во Шпанија уапсен еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ

Шпанската полиција соопшти денеска дека во Мадрид уапсила Новозеланѓанец осуден на доживотен затвор во САД за сексуални злосторства и педофилија, и посочи дека тој е меѓу десетте најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Полицијата соопшти дека 40-годишниот Новозеланѓанец е уапсен откако синоќа бил забележан во хотел во центарот на Мадрид, каде отседнал под еден од лажните идентитети кои ги користел за да не биде фатен.

Полицијата не го соопшти целото име на бегалецот, туку само неговите иницијали М.Ј.П.

Станува збор за еден од „десетте најбарани бегалци“ на ФБИ за кои е издадена потерница од 100.000 долари, додаде полицијата.

Според извори блиски на случајот, станува збор за Мајкл Џејмс Прат, осуден на доживотен затвор во САД поради детска порнографија, сексуална експлоатација, сексуални напади и незаконско богатење.

Според сајтот на ФБИ, тој преку мали огласи за работа во манекенство регрутирал неколку девојки и жени во САД и Канада меѓу 2012 и 2019 година и ги принудувал на сексуални дејствија.

Обвинетиот, сопственик на една продукциска ќуќа и порнографски сајтови, ги објавувал видео снимките и на тој начин стекнал околу 17 милиони долари. Прат побегнал после изрекувањето на пресудата и за него од 2019 година е издадена меѓународна потерница.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе