Во Шведска убиен познат чеченски блогер и критичар на Кадиров

Кајгана / МИА
/ 05.12.2022 / 11:57

Тумсо Абдурахманов, познат критичар на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е убиен во Шведска, соопштија неговите колеги-блогери за рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Абдурахманов бил убиен во текот на ноќта помеѓу 1 и 2 декември.

Шведските власти не соопштуваат ништо за тоа, освен дека немаат информации за тоа каде се наоѓа Абдурахманов.

Чеченскиот опозициски канал 1ADAT,  на Телеграм, исто така, денес потврди дека Абурахманов е убиен и дека неговиот брат Мухамад Абдурахманов е под заштита на шведските безбедносни сили.

На социјалните мрежи на 1 декември се појави веста дека е убиен Абдурахманов (36), но не можеше истото да се потврди.

Чеченските опозициски групи известија дека не биле во можност да стапат во контакт со блогерот, ниту со неговиот брат.

Во јануари 2021 година, неколку руски државјани од Чеченија добија долги затворски казни во Шведска за обид за атентат врз Абдурахманов во февруари 2020 година.

Еден од нив, Руслан Мамаев, сведочеше дека дејствувал во име на чеченските власти, кои ветиле дека ќе му платат 50.000 евра.

Кадиров, кој е на власт во Чеченија од 2007 година, честопати е обвинет од руските и меѓународните групи за човекови права за кршење на човековите права со киднапирања, тортура, вонсудски убиства и напади врз ЛГБТ заедницата.

Веста за смртта на блогерот ја пренесе и руската агенција ТАСС.

Абдурахманов, популарен блогер на YouTube, кој остро го критикуваше Кадиров и неговата влада во Чеченија, ја напушти Русија во 2015 година. Тој доби политички азил во Шведска. 

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе