Во Софија се формира движење на политичките противници на Путин

Во Софија се одржува конститутивна конференција на граѓанското движење „За слободна Русија“, јави дописникот на МИА од Софија.

Организатор на конференцијата е Генадиј Гудков, кој четирипати беше пратеник во руската Дума и беше принуден да ја напушти Русија од режимот на Кремљ. На конференцијата присуствуваат руски опозиционери кои живеат во Полска, Чешка, Латвија, Литванија, Белорусија и Обединетото Кралство.

На учесниците на конференцијата им се обрати поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев (2012-2017), кој рече дека му е драго што Бугарија е домаќин на ова движење, кое има за цел да ја врати Русија во демократијата. Тој изјави дека за него има силни и моќни политичари и дека не ги прифаќа оние кои носат војски и окупираат територии од независни држави, зборувајќи за окупација на Крим.

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија Даниел Митов им честиташе на учесниците на конференцијата и истакна дека целта е да се запре влијанието на режимот на Путин во Бугарија.

Атанас Славов од владејачката коалиција во Бугарија, од партијата Демократска Бугарија, ги поздрави присутните и наведе дека се залагаат за демократска кауза во Русија.

– Стратешкиот избор на Бугарија е да ги одржува односите со слободна, граѓанска и демократска Русија. Порано или подоцна Русија ќе биде слободна и демократска држава и Бугарија и Русија ќе бидат членови на слободното и демократско европско семејство, додаде Славов.

Владимир Рижков, опозициски руски политичар и поранешен заменик-претседател на руската Дума се вклучи директно од Москва, при тоа истакна дека денес во Русија има 1.000 политички затвореници, повеќе отколку во советско време и владеењето на Брежњев.

– Русија ќе страда многу ако режимот на претседателот Путин ја втурне Русија во конфликт со Украина и НАТО, посочи Рижков.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе