Во Србија пристигна паксловид, најсовремен лек против COVID-19 одобрен од ЕМА

Во Србија пристигна паксловид (Paxlovid), најсовремениот лек против коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Србија е првата земја во континентална Европа која го доби овој лек (во Европа доставен е уште во Обединетото Кралство), десет дена откако ЕМА (Европска агенција за лекови) ја одобри употребата и продажбата на овој лек, соопштија од срспкото Министерсто за здравство.

Европската агенција за лекови на крајот на јануари ја одобри антиковид пилулата од производителот Pfizer, која ќе стане првиот орален антивирусен лек против таа болест одобрен во Европската Унија.

„Паксловид е првиот орален антивирусен лек препорачан во ЕУ за третман на COVID-19“, се наведува во тогашното соопштение на ЕМА.

Комисија на Министерството за здравство со која претседава проф. д-р Горан Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести, направи дистрибутивна листа врз основа на која лекот ќе се дистрибуира до здравствените установи во Србија.

Паксловид е антивирусен лек кој содржи две компоненти ритонавир и нирматрелвир и е наменет за орална употреба. Индициран е за третман на инфекција со COVID-19, кај возрасни на кои не им е потребен дополнителен кислород и кои имаат зголемен ризик од прогресија во тешка форма на болеста. Употреба на лекот се препорачува да започне во првите пет дена по појава на симптомите, се наведува во соопштението кое го пренесе РТС.

Србија на крајот на минатата година беше меѓу првите, заедно со Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, што потпиша договор со претставници на компанијата Pfizer за купување на најдобриот лек против коронавирус, кој го намалува ризикот од хоспитализација и тешки болести и до 89%.

По тој повод, министерот за здравство, д-р Златибор Лончар, истакна дека вакцината останува основно оружје во борбата против вирусот, а дека лекот паксловид е дополнителен напор на државата за зачувување на здравјето на граѓаните.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе