Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени

Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото, со тешки повреди се пренесени на скопските клиники.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Во близина на Ростушки мост се судриле патничко моторно возило Hyundai Accent со скопски регистарски ознаки, што го управувал А.Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ.Д. (52) од Панчево, Србија.

Од првичните информации на полицијата, во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

реклама

Како Израел со децении ја презема територијата на Палестина?

Read more

Вучиќ: Една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово

Read more

Чиј е Ерусалим?

Read more

Вежбање со танц со Памела

Read more

Хроника

Убиство во скопската населба Бутел

Read more

Во тек потрага по 39-годишниот Александар Черговски од Берово

Read more

Работник пријавил физички напад од претпоставениот во фабрика во Кавадарци

Read more

Пожар во куќа во Радишани, спасено едно лице

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Уништена голема станбена зграда во Газа

Читај повеќе

Ципрас: Без Договорот од Преспа ќе имавме нестабилни соседи

Читај повеќе

Норвешка ја повлече од употреба вакцината на AstraZeneca

Читај повеќе

Нови 123 случаи на COVID-19, 17 починати

Читај повеќе

Вучиќ: Една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово

Читај повеќе

Најголемиот дијамант продаден на аукција во Женева

Читај повеќе

Македонскиот офицер нема јужноафрикански, туку нигериски сој на COVID-19

Читај повеќе

Израел размислува за копнена офанзива на Појасот Газа

Читај повеќе

Италија го казни Google со над 100 милиони евра

Читај повеќе