Во трка со бикови во Памплона повредени 35 луѓе

Макфакс
/ 14.07.2023 / 15:30

Шест лица беа повредени за време на последното трчање на биковите на Денот на Свети Фермин во Памплона, Северна Шпанија, со што вкупниот број на повреди се искачи на 35 на годинешниот фестивал, кој привлекува туристи од целиот свет.

Последната трка, која траеше нешто повеќе од две минути, заврши со петмина хоспитализирани, но ниту една од повредите не е резултат на удар од рогови, изјави портпаролката на Универзитетската болница во Навара.

Меѓу хоспитализираните, две лица се тешко повредени, додаде таа, едното добило модринка на градниот кош, а другото повреда на главата, додаде Марта Мартин.

Црвениот крст соопшти дека шестиот тркач добил медицинска помош во амбулантата во арената во Памплона. Најнеобична е повредата на 58-годишен Холанѓанец, кој добил мала расеченица на тестисите од удар со рог.

На прославата на Свети Фермин, што секоја година се одржува од 6 до 15 јули, стотина тркачи во бели маици или кошули и со црвени марами на главите секое утро во 8 часот во текот на осум дена се обидуваат да дојдат што е можно поблиску до шесте бика за борба на тркачката патека долга 850 метри низ тесните градски улици до арената.

Трката, овековечена од Ернест Хемингвеј во неговиот роман „The Sun Also Rises“ (Сонцето повторно изгрева) од 1926 година, привлекува туристи од целиот свет.

Секоја година десетици луѓе се повредени и убиени во трчањето на биковите.

Од 1911 година, кога почна да се води статистика, животот го загубија најмалку 16 луѓе. Последната жртва падна во 2009 година кога бик на своите рогови наби 27-годишен Шпанец.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Свет

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more
 

Вести

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе