Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Вчера од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во соработка и со заедничка меѓународна истрага со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција, Американската служба за борба против дрога (ДЕА) и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), успешно е реализирана заедничка операција на недозволена трговија со кокаин, при што во Солун се запленети 161 килограм кокаин, соопшти МВР.

Вчерашната акција е продолжение на успешната акција од 8 и 9 мај годинава кога во Солун беа запленети 105 кг кокаин и беа лишени од слобода 10 лица во Грција, и тоа 7 лица државјани на Република Грција и 3 лица државјани на Република Албанија, додека во Република Северна Македонија беа лишени од слобода 4 лица, наши државјани, кои во моментот се притворени и се наоѓаат во истражниот затвор Скопје.

Remote video URL

Вчерашната операција е резултат на продолжување на истрагата во двете земји и меѓусебната размена на сите информации поврзани со членовите на меѓународната криминална група. Имено, во рамки на проверките за лицата и фирмите кои беа инволвирани во првиот случај на заплена на 105 кг кокаин, беше утврдено дека веќе лишените лица нарачале и организирале и втора, нова количина на кокаин од Еквадор. Во соработка со Службата за дрога од Солун беа утврдени контејнерите, по што по нивното пристигнување на пристаништето во Солун истите беа предмет на контрола.

На 02.06.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога, заедно со грчките колеги на пристаништето во Солун презедоа заеднички активности за откривање и вадење на наркотичната дрога кокаин во количина од 100 пакувања, односно во секој контејнер биле пронајдени по 50 пакувања со кокаин, со вкупна тежина од 161 килограм. Притоа, кокаинот беше пронајден во специјално направени бункери-крипти во шините од подот на двата контејнера.

Одделот за крим-полиција во текот на следната недела ќе достави известување до надлежниот Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ-Талевска.

Remote video URL

Министерството за внатрешни работи уште еднаш покажа и со своите активности докажа дека бескомпромисната борба за спречување на шверцот со наркотици останува врвен приоритет, а со одличната соработка со полициите од другите држави е признаен и почитуван меѓународен партнер, насочен кон сузбивање на оваа појава на глобален и меѓународен план.

Тагови
реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Регион

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Read more

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Read more

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Read more

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите македонски граѓани што извадиле бугарски пасоши

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе