Во земјава регистриран првиот случај на зараза со новиот сој кракен

Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како кракен.

– Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ.

ИЗЈ додава дека 32 примерока се позитивни на SARS-CoV-2, а селектираните примероци биле од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година.

– Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на омикрон сојот. Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на омикрон, додава Институтот.

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски во врска со сојот кракен во четвртокот изјави дека сите податоци што досега ги имаат укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не се очекува неговото ширење драстично да го оптовари здравствениот систем.

Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.

Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае 7-8 недели.

реклама

Македонија

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Read more

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Read more

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Read more

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе