Вода од Сонцето откриена на Месечината

Нова анализа на прашина од Месечината покажа дека дел од водата на нејзината површина можеби доаѓа од Сонцето. Поточно, дека е создадена откако водородните јони од сончевиот ветер ја опсипале површината на Месечината, реагирале со минералните оксиди и се поврзале со кислородот.

Последица на овој процес е значително количество вода што може да се сокрие во лунарниот реголит на одредени географски широчини. Ова откритие би можело да помогне да се разбере потеклото и дистрибуцијата на водата на Месечината, па дури и може да биде релевантно за нашето разбирање за потеклото на водата на Земјата, пишува Science Alert.

Космички дождовни облаци

Иако Месечината изгледа како сува топка полна со прашина, неодамнешните студии покажаа дека таму има многу повеќе вода отколку што се мислеше. Се разбира, не можеме да ја видиме како овде на Земјата; како бранува во езерата или морињата, бидејќи се крие во лунарниот реголит, во кратери кои се секогаш под сенка и во топчиња од вулканско стакло.

Ова природно води до многу прашања. Колку вода има на Месечината? Како се дистрибуира? И како се нашла таму? Веројатно има повеќе од еден одговор на последното прашање. Некој дел би можел да пристигне по удар на астероид, дел од Земјата, а дел од космички „дождовни облаци“.

Да бидеме фер, Сонцето не е баш полно со влага, но неговиот ветер е добар извор на водородни јони. Геохемичарите Јучен Ксу и Хенг-Ци Тиан од Кинеската академија на науките пронајдоа докази во примероците вратени од мисијата Chang'e-5 што ја поддржуваат тезата дека сончевиот ветер може да биде еден од изворите на водата на Месечината.

„Ова откритие е од големо значење за идната употреба на водните ресурси на Месечината“

Проучиле 17 примероци: 7 оливин, 1 пироксен, 4 плагиоклаза и 5 стакло. Тоа беа примероци кои, за разлика од оние земени од мисиите Apollo и Luna, беа собрани од регионот на Месечината со средна географска ширина.

Со помош на спектроскопија, тие го проучувале хемискиот состав на рабовите на овие зрна и откриле во повеќето од нив многу висока концентрација на водород (од 1.116 до 2.516 делови на милион) и многу ниски соодноси на изотопи на деутериум и водород.

Овие соодноси се конзистентни со односот на овие елементи во сончевиот ветер, што сугерира дека сончевиот ветер депонирал водород на површината на Месечината. Моделот заснован на овие наоди сугерира дека поларните региони на Месечината би можеле да бидат многу побогати со вода произведена од сончевиот ветер - информации кои би можеле да бидат многу корисни во планирањето на идните мисии за истражување на Месечината.

„Ова откритие е од големо значење за идната употреба на водните ресурси на Месечината. Исто така, преку сортирање и загревање на честичките, релативно е лесно да се експлоатира и користи водата што се наоѓа во лунарната почва“, рече хемичарот Јангтинг Лин од Кинеската академија на науките.

Истражувањето High abundance of solar wind-derived water in lunar soils from the middle latitude беше објавено во списанието PNAS.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе