Воена парада во Москва за Денот на победата
Во Москва на Црвениот плоштад се одржа воената парада по повод 75-годишнината од Денот на победата во Втората светска војна. Пред прикажувањето на воената опрема пред јавноста се обрати претседателот на Руската федерација, Владимир Путин.
Руските власти претходно ја одложија парадата која традиционално се одржува на 9 мај, но поради пандемијата со коронавирусот годинава се одржа на 24 јуни.
Оваа година во парадата беше најавено учество на 15.000 војници, беа претставени 225 единици на вооружување и воена опрема, а во неа учествуваа 75 авиони, пишува Ruptly.