Volkswagen работи на мал електричен автомобил со поволна цена

Volkswagen се подготвува да произведе електричен автомобил од почетно ниво, кој би бил позициониран под електричниот модел ID.2 со големина на Polo, откри шефот за технички развој на германскиот гигант, Каи Груниц.

Груниц рече дека Volkswagen „навистина работи на моделот ID.1 или мал ID или како и да се викаше“, и додаде дека „многу е важно да се има мало возило со поволна цена“.

Досега електричните автомобили се покажаа како значително поскапи од нивните еквиваленти на мотори со внатрешно согорување, а бидејќи батериите го сочинуваат најголемиот дел од таа разлика во цената, потребно е намалување на цената на самата батерија за да се одржат цените пониски. Груниц е убеден дека Volkswagen е блиску до остварување на таа цел.

„Со нашата унифицвирана ќелија која доаѓа во 2026 година, ние навистина ќе ја намалиме цената на самата батерија“, рече тој.

Сепак, се поставува прашањето дали Volkswagen Group може да го повтори успехот на моделите Up/Mii/Citigo и да го развие самиот автомобил или ќе побара помош од „надвор“.

„Од технолошка перспектива, мислам дека можеме да го направиме тоа. На крајот, тоа е прашање на приспособливост, но тешко е да се добие навистина прифатливо целосно електрично возило“, рече Груниц.

„Бараме партнери за соработка надвор од VW Group, ќе видиме што ќе се случи. Автомобилот мора да биде профитабилен, но за VW овој модел е многу поважен од самиот профит бидејќи претставува влез во нашиот бренд. Првиот автомобил мора да биде достапен за клиентот, бидејќи ако седне во ID.1, можеби малку подоцна неговиот следен автомобил ќе биде ID.2, ID.3 или ID.4. Затоа е навистина важно да имате мало поволно возило“, изјави тој.

Сепак, овој модел нема да ја користи скалабилната SSP платформа која најверојатно ќе пристигне во 2028 година како основа за сите модели, од Polo до Bentley Bentayga.

„Овој автомобил нема да биде дел од семејството SSP, бидејќи оваа платформа пристигнува малку подоцна. Затоа, ќе користи друга платформа“, заклучува Груниц.

Дали ќе биде адаптација на постоечката MEB платформа останува да видиме, но потврдено е дека Volkswagen разгледува различни можности.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Авто новости

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе