Волстрит живна, скок на акциите на Tesla

Берзанските индекси на Волстрит благо пораснаа во понеделникот, благодарение на растот на цените на акциите на Tesla и на неколку банки, додека прометот беше скромен поради скратеното тргување во пресрет на празникот. Dow Jones зајакна за 0,03 отсто, на 34.418 поени, додека S&P 500 порасна за 0,12 отсто, на 4.455 поени, а индексот Nasdaq за 0,21 отсто, на 13.816 поени.

Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите на Tesla, со скок на цената од речиси 7 отсто, откако производителот на електрични автомобили објави рекордна продажба на возила во вториот квартал. S&P индексот на банкарскиот сектор, пак, порасна за 1,5 отсто бидејќи некои банки најавија повисоки дивиденди, откако неодамна го поминаа вообичаениот годишен стрес тест.

Благ пад на цените на акциите на европските берзи

Обемот на тргување беше скромен бидејќи работата беше скратена во пресрет на празникот Денот на независноста на САД. Од почетокот на годината, Dow Jones порасна за 3,8 отсто, додека S&P 500 скокна за речиси 16 отсто, а Nasdaq повеќе од 31 отсто, најмногу благодарение на надежите на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки.

Сепак, се поставува прашањето дали овој пораст на индексот е оправдан со оглед на тоа што растот на економиите забавува, што ќе ја притисне заработката на компаниите, додека централните банки сигнализираат натамошно зголемување на каматните стапки во наредните месеци бидејќи инфлацијата е сè уште се движи далеку над целните нивоа.

И на европските берзи цените на акциите вчера благо паднаа. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,06 отсто, на 7.527 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,41 отсто, на 16.081 поен, а париски CAC 0,18 отсто, на 7.386 поени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе