Возач го сними рушењето на мостот во Мајами
Најмалку шест лица загинаа кога се сруши новоизградениот мост во Мајами, Флорида пред два дена. Мостот се сруши врз автопатот под него поради грешка во изградбата.
Возач кој во тој момент поминувал по автопатот го снимил катастрофалниот момент со камерата поставена на неговото возило.