Враќање во иднината: Еден од најпознатите автомобили добива електрична верзија

Автомобил кој во раните 80-ти беше 20 години пред своето време, наскоро би можел да ја добие својата модерна електрична верзија.

Уште една од рекламите што можевме да ги видиме за време на овогодинешниот Супербоул, а која привлече внимание, беше онаа за новиот DeLorean, легендарниот автомобил што ги одбележа 80-тите и франшизата „Back to the Future“.

Remote video URL

DeLorean Motor Cars (DMC) е компанија од Северна Ирска која на почетокот од 80-тите години на минатиот век претстави легендарен автомобил наменет за северноамериканскиот пазар. Она што го истакна овој автомобил е фактот дека за дизајнот е заслужен легендарниот италијански дизајнер Џорџето Џуџаро, со препознатливи врати кои се отвораат нагоре (како крилја на галеб).

Иако DeLorean беше произведен во само 9.000 примероци, перформансите на автомобилот не одговараа на неговиот исклучителен дизајн, па производството беше прекинато по само година дена. Овој двосед, иако страдаше од неквалитетна изработка и тромост на патот, доживеа планетарен успех откако се појави во серијалот филмови „Back to the Future“.

Remote video URL
Од Ирска до Тексас

По неуспешната продажба компанијата DeLorean банкротираше, а потоа беше откупена од новата DeLorean Motor Company од Тексас, заедно со сите трговски марки, интелектуалната сопственост и преостанатите делови за автомобили. Новите сопственици дошле на идеја да му вдахнат нов живот на овој автомобил, кој одбележа една ера. Иако планот на почетокот бил да се оживеат старите автомобили со комбинација на оригинални и нови делови, се чини дека овие идеи се отфрлени и дека новиот автомобил е навистина нов.

Рекламата за време на Супербоулот не открива многу, освен препознатливите контури кои се добро познати веќе 40 години, па очекуваме наскоро да се појават нови детали кои ќе откријат нешто ново за овој автомобил.

Под мотото „The Future was never promised“, компанијата која стои зад новиот автомобил на својот Twitter профил сподели дека оваа година може да се очекува нов автомобил, како и дека се работи за луксузно електрично возило.

URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Авто новости

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Read more

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Read more

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more
 

Автомобили

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе