Вреди: Бујар Османи е курбан без бајрам на ДУИ на овие избори

Бујар Османи е, едноставно, курбан без бајрам на ДУИ на овие избори. Тој никогаш не може соодветно да ги претставува Албанците, велат од коалицијата Вреди коментирајќи дека тој е првиот и единствен Албанец со предмет во специјалното обвинителство, каде што е обвинет за корупција во случајот наречен „Пациент“.

„Пациентот Бујар Османи не може да победи против доктор Таравари, бидејќи Таравари ВРЕДИ, а Бујар лаже. Пациентот Бујар Османи не може да влее надеж кај Албанците, бидејќи ниту како министер за надворешни работи, ниту како претседавач со ОБСЕ, не виде можност ниту еднаш да излезе во одбрана на суверенитетот на Република Косово, ниту пак да ја посети. Напротив се радуваше и промовираше фотографии со Вучиќ. Пациентот Бујар Османи не може да има полна уста со Европа бидејќи тој беше првиот политичар на нашиот континент кој по руската агресија во Украина, ја отвори вратата и во Скопје ја пречека десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров. Што имаш да зборуваш за Европа кога ` ја отвараш вратата на Русија?“, велат од Вреди.

Понатаму додаваат дека Османи не може да бара меѓународен ветинг, затоа што мора прво да почне од себеси и од пријателите, бидејќи тој и неговата партија влегоа со двете нозе во судството, а одат и до таму што инсистираат по секоја цена амнестија и враќање на Никола Груевски.

„Пациентот Бујар Османи не може да зборува и да ги злоупотребува стратешките сојузници, затоа што треба само да ги анализирате фотографиите од неговиот промотивен митинг во скромната сала 'Кале', каде што беше опкружен со политичари на американската црна листа, од насилници на М-НАВ, од Артан Груби – кралот на казината и партнер на српското подземје, од експоненти на ДУИ блиски до Дака Давидовиќ, од Дрин Ахмети – најмладиот милионер инвеститор и сопственик на Соравија, од Прпарим Бајрами – извршител на највалканите бизниси и десна рака на Артан Груби, кој ќе биде запаметен по тоа што ги внесе онлајн казината во секој дом. Со овие луѓе од црни списоци и црни злосторства, овој ли ќе ни кажува за Америка и Европа? Пациенту, Америка не поддржува криминал и корупција, не надевај се напразно“, велат од Вреди.

Коалицијата најави дека во наредниот период ќе ги открие сите коруптивни афери и злоупотреби на Бујар Османи на функциите што ги водел, а такви скандали, како што велат, имало на сите функции што ги извршувал.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе