Времеплов: Невозможниот сон на Лестер
Потсетување на една од најневеројатните сезони во историјата на фудбалскиот свет. Онаа на Лестер од 2016.
Лестер во сезоната 2013/14 триумфираше во Чемпионшип и после 10 години се врати во Премиер лигата. А таму, едвај се спаси од испаѓање. Со неверојатна завршница на сезоната и 7 победи на последните 9 натпревари, Лестер од последното место се искачи над црвената линија и остана премиерлигаш.
На 13 јули 2015 на клупата седна Клаудио Раниери и ја почна невозможната мисија, триумф во Премиер лигата и прв трофеј на Лестер за шампион на Англија.