ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ИТАЛИЈА 1990

Времеплов: Рајкард против Фелер

Филип Здравески
/ 03.05.2020 / 17:19

Синоќа ФИФА го репризираше легендарниот натпревар од Мундијалот во 1990 помеѓу Западна Германија и Холандија на кој се случи и познатиот инцидент помеѓу Франк Рајкард и Руди Фелер.

Рајкард го плука Фелер
Рајкард го плука Фелер

„Ако плукнам, ќе ми ја земат плуканицата и ќе ја урамат како големо ремек дело“, рекол Пабло Пикасо во една прилика.

Но, никој не ни помислувал дека и 30 подини подоцна сѐ уште ќе се зборува за плуканицата на Франк Рајкард, која стана легендарна.

Рајкард го казнува Фелер за обидот за глума
Рајкард го казнува Фелер за обидот за глума

Во осминафиналето од Светското првенство во Италија силите ги одмерија тогаш актуелниот европски шампион Холандија и гигантот Западна Германија, еден од главните претенденти за титула која подоцна и ја освои. Ривалството почна уште на Мундијалт 1974 кога играа една против друга во големото финале, но ривалството на овие две генерации почна во полуфиналето од ЕУРО 1988 кое се играше токму на германско тло, а победи Холандија.

Веднаш потоа, како за беља, жрепката ги смести во иста група и во квалификациите за Мундијалот во 1990. Без голови во Западна Геарманија, 1:1 во Холандија.

Фелер му покажува на судијата каде бил плукнат
Фелер му покажува на судијата каде бил плукнат

Во Милано, превирањата почнаа уште пред почетокот на натпреварот кога навивачите на двете страни само ја погреаја атмосферата со навреди за време на интонирањето на химните. На аргентинскиот судија Хуан Карлос Лусто му беа доволни само 22 минути игра за и на двајцата да им покаже црвен картон и да ги испрати прерано во соблекувалната. Тие се буткаа, се пцуеја и се плукаа, а во она последното предничеше Холанѓанецот.

Судијата Лусто ги исклучува Рајкард и Фелер
Судијата Лусто ги исклучува Рајкард и Фелер

Кога Фелер беше фаулиран за првпат од Рајкард, холанѓанецот прво пожолте, а потоа го плукна по косата.

Потоа при еден слободен удар од страна на Германците, Фелер трчаше по топката до која прв стигна холандскиот голман Ханс ван Бројкелен, а Фелер не го избегна контактот по што падна на земја. Веднаш дотрча Рајкард кој го потегна за коса обвинувајќи го дека сака да одлуми фаул за пенал. Судијата ги исклучи двајцата по што следуваше ново плукаше од Рајкард. Двајцата излегоа надвор од теренот, но брканицата и навредите продолжија.

Remote video URL

За плуканиците на Рајкард, а поради пуцвалската фризура на Германецот, се велеше дека Фелер ќе треба со денови да се тушира за да го исчисти подарокот од Холанѓанецот.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе