Времето кога јадете може да влијае на брзото стареење

Кога денот ви е исполнет со секојдневни обврски, многу е тешко да ги одржувате вообичаените рутини, што значи дека за оброк може да одвоите само неколку слободни минути и тоа пред крајот на денот. Но, јадењето храна во ова време може да го забрза процесот на стареење на телото.

Оваа навика не само што ќе ве остави гладни во текот на денот, туку според новото истражување објавено во Science, тоа може само да го забрза стареењето.

Истражувачи од Универзитетот во Тексас проучувале две групи животни, оние кои јаделе кога сакале и колку сакале и оние кои јаделе храна со ограничено внесување калории и во одредено време.

Резултатите покажале дека втората група, која јадела во одредено време, живеела скоро 20% подолго од групата во која животните јаделе кога сакаат и колку сакаат.

„Кога јадете порано, вашето тело има повеќе време да ја свари храната, како и да ја искористи енергијата од таа храна“, вели д-р Оникс Адегбола.

Од друга страна, кога јадете подоцна вашето тело се обидува да ја свари храната додека спиете и тоа може да доведе до проблеми како што се дигестивни пречки и рефлукс на киселина.

Агдебола истакнува дека природниот часовник на телото или ритамот е регулиран со ослободување на одредени хормони и на него исто така влијае и тоа кога човекот јаде.

Внатрешниот часовник регулира кога се чувствуваме будно или ни се спие, под влијание на светлина и темнина, храна и вежбање, но и стрес.

Важно е да се истакне дека кога јадете навечер или во времето кога треба да си легнете, може да се наруши ритамот и со тоа да се отежни заспивањето.

„Тоа може да доведе до проблеми како недостиг на сон, што е поврзано со здравствени проблеми како дебелина, срцеви заболувања и дијабетес“, предупредува докторот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе