Индискиот аеродром во градот Лех го најде своето место меѓу бројните опасни писти.
Некои од пистите од кои застанува здивот, како за патниците, така и за оние кои само го гледаат слетувањето на авионите, бараат посебна обука.
Меѓу бројните опасни писти, свое место најде и аеродромот Кушок Бакула Римпочи близу градот Лех, кој се наоѓа во покраината Ладах, кој територијално ѝ припаѓа на Индија, но од остатокот на земјата е разделен со Хималаите.
Се работи за 23 највисок аеродром во светот, што не звучи како ништо драматично сѐ додека не се најдете заглавени за седиштето додека ветрот го дува авионот.
Сместен на 3.255 метри надморска височина, аеродромот Лех е опкружен со планини. Пистата е долга само онолку колку што дозволува прекрасниот, но негостољубив пејзаж, а целата работа се комплицира поради силните ветрови кои се засилуваат како што се приближува вечерта. Од тие причини Лех е во функција само во утринските часови.
Таму не може да слета секој авион, туку оној кој ги исполнува препорачаните тежина и димензии, а не секој пилот е квалификуван за таква работа - прво мора да помине специјална обука и да го добие потребниот сертификат.