Вселенско чудовиште: Супермасивна црна дупка скриена во минијатурна галаксија

Научниците од опсерваторијата Chandra на НАСА неодамна открија чудовишна црна дупка „закопана“ во прашина и гас и лоцирана во џуџеста галаксија.

Тимот на Chandra наведува дека црната дупка, која е 200.000 пати помасивна од нашето Сонце, е лоцирана во галаксијата Mrk 462. Оваа супермасивна црна дупка е исто така меѓу најмалите црни дупки од тој вид што некогаш сме ги откриле.

„Црната дупка во Mrk 462 е меѓу најмалите супермасивни црни дупки во познатиот универзум“, вели Џек Пејкер, истражувач од Универзитетот Дартмут во Њу Хемпшир. Паркер е еден од водачите на групата која ја проучувала и идентификувала гореспоменатата црна дупка. Минијатурни супермасивни црни дупки како оваа, според тимот, е многу тешко да се најдат.

Mrk 462 е галаксија со „само“ неколку стотици милиони ѕвезди. Иако на прв поглед оваа бројка изгледа голема, во споредба со нашиот Млечен Пат кој има неколку стотици милијарди ѕвезди, Mrk 462 е навистина џуџе.

Црните дупки до ден денес се скриени од нашиот поглед и покриени со гас и прашина. Доколку станува збор за поголема галаксија, научниците би можеле да идентификуваат црна дупка со набљудување на ѕвезди кои брзо се движат покрај галактичкиот центар или со читање на гравитациското влијание на црната дупка.

Проблемот е што таквото откривање не е можно во помалите галаксии. Благодарение на Chandra, научниците ги препознаа рендгенските зраци кои се емитуваат од гасот вовлечен од црната дупка. Ова е еден од првите случаи во кои научниците забележале црна дупка опкружена со гас и прашина.

„Бидејќи закопаните црни дупки е многу потешко да се идентификуваат отколку откриените, ова откритие значи дека има многу повеќе џуџести галаксии во вселената кои имаат слични црни дупки во нивните центри“, рече Рајан Хикокс, еден од водачите на проектот во Дартмут.

Ова откритие е многу важно бидејќи ни помага да одговориме на важното прашање на астрофизиката: „Како црните дупки можеле да растат толку брзо во раната ера на нашиот универзум?“ Супермасивните црни дупки во центрите на малите галаксии поставуваат ист број прашања колку што на крајот даваат - нивното постоење, пишува Space, е доказ за крајот на необјаснетата еволуција на универзумот околу нас.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе