Warner Bros објави нов трејлер за она што сите љубители на Хари Потер го очекуваат, третото продолжение на „Fantastic Beasts“.
Својата премиера во кино салите ширум Обединетото Кралство „Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore“ ќе ја има на 8 април. Една недела подоцна ќе биде прикажан и во САД. Дотогаш, Warner Bros за фановите изваде уште еден трејлер каде може да се видат дел од кадрите.
Во третото продолжение Мадс Микелсен го заменува Џони Деп во улогата на негативецот Гелерт Гринделвалд. Улогите ќе ги репризираат Еди Редмејн како Њут Скамандер, Џад Ло како Албус Дамблдор, Езра Милер како Криденс, Ден Фоглер како Џејкоб Ковалски, Алисон Садол како Куини Голдстин, Кетрин Вотерсон како Тина Голдстин, и други.
Првиот трејлер Warner Bros објави во декември:
Најавени се и уште две продолженија од „Fantastic Beasts“ серијалот, кои сѐ уште се без наслов.