Вучиќ: Ако Косово мисли дека нема потреба од дијалог, немам проблем со тоа

Србија знае кои се нејзините национални и државни интереси и ќе продолжи да се бори за својот народ и неговите права, без оглед на тоа што ситуацијата е скоро безнадежна, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето да прокоментира дали Србија има одговор на новите притисоци од Приштина и Вашингтон и најавите за нова платформа за продолжување на дијалогот.

– Немате адекватен одговор, гледам дека Албин Курти ја решава и нашата внатрешна ситуација и зборува за тоа како треба да изгледа Србија и кој треба да биде на власт. Застанете, молчете, пуштете ги, сите тие се силни и паметни. Ние ќе ги пуштиме, нека си ја работат својата работа, а ние ќе ја работиме нашата, изјави Вучиќ пред новинарите на аеродромот „Никола Тесла“ при пристигнувањето на 150.000 дози на вакцината на AstraZeneca.

Тој подоцна на аеродромот на новинарите им изјави дека дијалогот и разговорите со Приштина се најважни за Србија, но доколку тие сметаат дека тоа не е потребно, и дека на тој начин ќе ги решат своите проблеми, тој кажа дека нема проблем со тоа.

Во врска со изјавта на Курти дека не е заинтересиран за дијалог со Белград, туку со Србите на Косово, Вучиќ забележа дека претставници на Србите од Косово не се оние што добиваат 0,62 или оние што добиваат 2 отсто, туку оние што добиваат 95 отсто. Тие се обидоа на секој начин да инсталираат Срби со кои сакаат да разговараат, од Рашиќ до Рада Трајковиќ, па не успеаја во тоа. Можете да купите некого, но не и 95% од луѓето, истакна Вучиќ.

Тој исто така посочи дека оваа ситуација е исклучително тешка за Србија, скоро безнадежна, по 2004, 2008 и 1999 година, но дека сè уште треба да се бори за својот народ, неговите интереси и права, и додаде дека ќе се види колку долго и како.

– Ќе биде тешко за нас, а ним, како што велат, сè им е лесно. Ќе видиме колку тоа лесно ќе биде, заклучи Вучиќ.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе