Вучиќ ги пофали Американците: Само тие сакаа да слушнат за нашите проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е еден од учесниците на 59-тата Минхенска безбедносна конференција, од каде ѝ се обрати на јавноста во својата земја.

Темата, погодувате, беше Косово. Српскиот претседател рече дека уште една земја одлучила да го повлече признавањето на независноста на Косово.

Тој ја искористи конференцијата во Минхен за да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Разговорите беа добри, но ништо епохално не може да се случи. Имајќи го предвид сето тоа, добро е што дојдовме да го објасниме нашиот став. Бевме пречекани со почит. Имаме уште една нота за повлекување на признавањето, но во договор со таа земја ќе чекаме 23 или 24 февруари за да кажеме за која земја станува збор“, рече Вучиќ.

„Јас дојдов да зборувам за Заедницата на српски општини. Не можете да потпишете нешто пред 10 години, а потоа да кажете дека Вучиќ сака шолја кафе, но без шолја. Мора да го исполните тоа што сте го потпишале, а потоа можеме разговараме понатаму“, додаде тој.

Српскиот претседател уште еднаш ја подвлече тешката ситуација во која се најде Србија кога е во прашање Косово.

„Американците беа меѓу ретките кои сакаа да ги слушнат забелешките на Србите кога имаше барикади на Косово. Воопшто не им верувам на властите во Приштина“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател денеска во Минхен се сретна и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Регион

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Read more

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе