Вучиќ: Го ценам пријателството меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија

Белград, 12 јуни 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ обраќајќи се на онлајн панел-дискусијата „Економски форум на Делфи“ за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, изјави дека во голема мерка го цени пријателството на трите држави, Србија, Албанија и Северна Македонија, кои се на патот кон ЕУ и дека многу ја цени тешката, посветена работа на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој потсети дека Србија, Северна Македонија и Албанија ја започнале иницијативата „Мал Шенген“ со цел да се овозможи слободен проток на луѓе, стоки и додаде дека е благодарен на ЕУ, која се залага за истите вредности.

-Гледаме дека треба да соработуваме не само за прашањето на економските односи, туку исто така сакаме да ги подобриме нашите односи кои имаат врска со инфраструктурата и поврзаноста, кажа Вучиќ.

Тој наведе дека политичката борба за младите и за генерациите што доаѓаат е најважна и дека таа може да се постигне само ако сите заедно соработуваат.

-Кога ќе кажам заедно, мислам на ЕУ и сите земји во регионот, кажа Вучиќ, додавајќи дека не постои одржлива иднина за народите, доколку младите немаат шанса да комуницираат со своите први соседи.

Тој посочи дека земјите во регионот треба да ја оживеат и да ја обноват довербата меѓу себе и додаде дека е горд што не може да се најдат луѓе кои говорат нешто лошо за Северна Македонија, но и за Албанија.

-Горд сум на тоа и тоа е резултат на нашата заедничка работа во претходните години, кажа Вучиќ. Тој посочи дека има простор за натамошно подобрување на односите меѓу државите, со заедничка работа во економскиот сектор, но и на политичката агенда.

-Сакам владите од сите три земји да градат мостови на доверба и верба, а луѓето од нашиот регион тоа ќе знаат да го ценат, оцени Вучиќ.

На панелот за пристапување на Западен Балкан во ЕУ, каде говореа и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев, Вучиќ оцени дека Србија прави максимални напори на реформскиот пат во европските интеграции, во областа на владеењето на правото, реформите во економскиот сектор и во поддршката за слободни медиуми.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе