Вучиќ: Нарачавме 80 Лазари и 112 Милоши, чекаме важен систем од Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е нарачано производство на 80 оклопни возила Лазар и 112 оклопни возила Милош. Тој изјави и дека се очекува доаѓање на важен систем од Руската Федерација кој се користи за електронско попречување.

Вучиќ при презентацијата на оружјето и воената опрема на Војската на Србија во касарната Топчидер рече дека се обезбедени средствата за 701 вооружен систем и дека мора да се најдат средства потребни за уште 853 системи од домашно производство, пишува Нова.рс.

„Го забрзуваме вооружувањето, што не е лесно финансиски, блиску сме до комплетирање, довршуваме некои други работи, заостанавме со возила на тркала во однос на соседите, имаме огромна предност со трасирани возила, го дополнуваме заостанувањето“, рече тој.

„Очекуваме важен систем од Русија што се користи за електронско попречување. Има уште нови системи што луѓето ќе можат да ги видат во Ниш за време на празниците“, истакна српскиот претседател. Генералштабот на српските вооружени сили на почетокот на јануари покрена иницијатива за повторно воведување на обврската за отслужување воен рок.

Генералштабот им предложи на српскиот претседател и на врховниот командант на вооружените сили воведување воен рок во траење до 4 месеци. Задолжителниот воен рок во Србија беше укинат со одлука на државниот парламент во декември 2010 година, кога беше формирана професионална армија, со што се промени традицијата на служење воен рок, која во Србија постоеше во различни форми речиси два века.

реклама

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе