Вучиќ: Ова досега не беше ништо во споредба со тоа што ни следи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на синоќешното гостување на државната телевизија, зборуваше за повеќе актуелни прашања, меѓу кои беше и ситуацијата на Косово, но и настани во светот за кои нема светла прогноза.

Водителот на почетокот го привлече вниманието на критиките кон претседателот на Србија и го праша зошто сè уште го обвинуваат.

„Имаше поинтересни обвинувања од диктатура, автократија и авторитаризам, тоа е дел од секојдневието на политичкиот живот. Видовте дивеење на неколку пратенички групи, неколку напади врз мене и врз претседателот на собранието, а никој не беше исклучен од таа седница“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател продолжи да зборува за ситуацијата на Косово и настаните во таа земја кои се случија по 2000 година.

„Ни претстои најголемата криза во светот што ја видовме од Втората светска војна. Ова беше речиси ништо, во споредба со она што ни следи. Ни претстои голема ескалација. Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека ова никому не му треба и дека ќе се трудат да ја деескалираат ситуацијата. Во следните 5-6 месеци следуваат најголемите конфликти досега. Притисоците ќе бидат неспоредливо посилни во однос на Руската Федерација, ќе има силни притисоци околу Косово“, додава Вучиќ.

Тој додаде дека е многу тешко, речиси невозможно да се „победи западното единство“ кога станува збор за војната во Украина и додаде дека единството на Русите се буди дури сега, откако украинската армија доби значителна помош во форма на тенкови Leopard.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе