Вучиќ: Србија на никаков начин не треба да го признае Косово

Никако не треба да ја признаеме независноста на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, порачувајќи дека Србија треба да работи со косовските Албанци на создавање на подобри односи и на доверба, јави дописникот на МИА од Белград.

„Проблемот е што Албанците не сакаат да слушнат за ништо друго освен за независност. Пандорината кутија е отворена со признавање на границите на поранешните југословенски републики и признавањето на Косово. Србите сега треба повторно да го прифатат тоа и да молчат. По кој принцип на меѓународното право?“, изјави Вучиќ синоќа на ТВ Прва во разговор со драматургот Билјана Србљановиќ и новинарот Никола Томиќ на прашањето за Косово.

Вучиќ изјави дека косовските Албанци се однесуваат како екстремисти и не сакаат да исполнат ниту една меѓународна обврска.

Тој посочи дека од тие причини, поради мирот и стабилноста, Отворен Балкан е една од најдобрите идеи што им овозможува на сите слободно да се движат, да имаат слободен пазар, субвенции за инвеститорите, вработување.

„Тоа е патот според кој треба да ги надминеме разликите и лошите односи“, оцени Вучиќ.

„На Србија ѝ е нанесена голема неправда, иако и ние не сме ангели, но нема одговор на прашањето како сите имаат право да се отцепат од Југославија, а после тоа Србите немаат право да останат да живеат во тие делови“, кажа Вучиќ.

Србија денеска гледа како да одговори на заканите дури и кога ги нема на директен начин, а тие се секојдневно присутни кога се во прашање Република Српска и Косово, изјави Вучиќ.

„Се соочуваме со тоа секој ден. Што да правиме, да кренеме раце, Косово да биде независно, Република Српска да не нè интересира, да ни биде баш гајле за Србите во Црна Гора…“, праша Вучиќ.

Тој порача дека затоа треба да се чува мирот и да се соработува, да се почитуваат туѓите и нашите жртви, да се залагаме за Отворен Балкан.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе