Вучиќ: Србија никогаш нема да ѝ воведе санкции на Русија

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Србија никогаш нема да ѝ воведе санкции на Русија, иако е под притисок и, како што кажа, и понатаму ќе биде под притисок.

– Ние сме на патот кон ЕУ, но, ќе ја зачуваме нашата позиција и нема да ги расипеме односите со Русија, кажа Вучиќ во интервју за руската агенција Тасс.

Тој посочи дека и Србија била под санкции и оцени дека тие не се најдобра политика.

– Србија плати висока цена. И тоа не доведе до добри резултати, кажа Вучиќ, кој додаде да Србија ќе ја брани својата територија без членство во ниту една воена структура.

– Сакам да ѝ го кажам тоа на целата руска јавност, дека веќе осум години слушам дека Вучиќ сака да ја вовлече Србија во НАТО, дека Вучиќ е предавник кој сака само да ја искористи можноста да го стори тоа… Се покажа дека сите „големи руски пријатели“ влегле во НАТО, само не и „предавникот Вучиќ“, изјави српскиот претседател.

Тој го повтори ставот дека Србија никогаш нема да влезе во НАТО или во која било друга воена структура.

Како што рече, Србија ќе биде самоодржлива, независна и слободна држава, која се придржува до политиката на воена неутралност.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе