Вухан сака да спречи нова епидемија, за 6 дена тестирани сите жители

Б.С.Б.
/ 09.08.2021 / 13:37

Кинескиот град Вухан повторно ги тестираше сите жители на коронавирус, освен децата помали од 6 години и оние кои заминале на одмор.

Новото тестирање е извршено за да се спречи нова епидемија во Вухан. Масовното тестирање почна во вторникот, а откриени се неколку локално пренесени случаи на зараза. Ова е првпат заразата со коронавирус да е потврдена во градот од јуни, 2020 година.

Во рок од 6 дена, вкупно 28.000 медицински лица успешно тестираа 11,28 милиони жители на 2.800 локации низ градот. На коронавирус позитивни се 78 луѓе, вклучително и 41 локално пренесени асимптоматски случаи. Повеќето заразени се луѓе кои веќе биле во карантин по претходни контакти со заразени луѓе.

Само 9 случаи се откриени во текот на тестирањето на жителите на станбените блокови, а наводно тие биле изолирани во нивните затворени заедници.

Во цела Кина од 8 август се потврдени само 125 нови случаи на зараза, а повеќето кластери се однесуваат на делта варијантата.

Тагови
реклама

Свет

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more
 

Вести

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе