Вулкан во Шпанија еруптираше после половина век

МИА / КАЈГАНА
/ 20.09.2021 / 12:57

На шпанскиот остров Ла Палма еруптираше вулкан и првпат по половина век исфрла лава, чад и пепел, поради што се евакуирани илјадници жители.

Вулканот Кумбре Виеха, кој се наоѓа на Канарските Острови во Атлантскиот Океан, последен пат еруптирал во 1971 година.

Шпанската полиција соопшти дека меѓу 5.000 и 10.000 жители се евакуирни од погодената област поради ерупцијата на вулканот.

Досега чадот и лавата зафатија четири главни автопати.

URL

Шпанскиот премиер Педро Санчес рече дека ќе го одложи претстојното патување во Њујорк, каде треба да присуствува на Генералното собрание на ОН и дека наместо таму ќе отпатува за Ла Палма.

Неколку шпански научници за локалните медиуми изјавија дека ерупцијата може да трае со недели, а лавата би требало да се слее во океанот.

Ерупцијата на вулканот не влијаеше на воздушниот сообраќај на островот.

Претседателот на Канарските Острови, Анхел Виктор Торес, изјави дека засега нема извештаи за човечки жртви.

Островот чие целосно име е Сан Мигел де ла Палма е петти најголем остров на Канарите. Вулканот Кумбре Виеха е висок 1.949 метри.

реклама

Свет

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе