Wabtec ја претстави првата електрична локомотива со батерии

Производителот на локомотиви Wabtec, во соработка со Универзитетот Карнеги Мелон, ја претстави првата електрична локомотива со батерии во светот.

Компанијата од Питсбург, Пенсилванија тврди дека новата локомотива е „драматично помоќна“ од електричниот автомобил на Tesla и може да помогне значително да се намалат емисиите на јаглерод во веќе релативно „зелениот“ сектор за железнички транспорт.

Електричниот погон на батерија може да се спари со традиционален дизел мотор за да се намали потрошувачката на гориво за повеќе од 11%, што доведува до намалување на емисиите на јаглерод за 11%. Ова одговара на помала потрошувачка од речиси 24.000 литри гориво и 70 тони помала емисија на јаглерод.

Локомотивата, наречена FLXdrive, успешно ги помина тестовите во Калифорнија на почетокот од годинава и ја мина трасата долга 20.920 километри помеѓу Барстоу и Стоктон во период од три месеци. Локомотивата тешка 194.044 килограми користи 18.000 литиум-јонски батерии за да развие до 4.400 КС. Капацитетот на енергија е 2,4 mWh, а батеријата може да се наполни со регенеративно сопирање.

FLXdrive користи систем за контрола на патувањето со систем за вештачка интелигенција наречен Trip Optimizer за оптимизирање на енергетската ефикасност. Wabtec веќе развива електрична локомотива од втора генерација со батерија со енергетски капацитет од 7 mWh, што ќе ја намали потрошувачката на гориво и емисијата на јаглерод до 30%. Таа локомотива ќе има моќност еднаква на 100 автомобили на Tesla.

Австралиската компанија Roy Hill ги купи првите Wabtec комерцијално достапни FLXdrive возови, а верзијата од втората генерација ќе биде достапна во 2023 година. Оваа компанија се занимава со рударство.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе