X ги избриша сите фотки објавени на Twitter помеѓу 2011 и 2014 година

Социјалната мрежа Х, поранешен Twitter, која минатата година ја купи американскиот милијардер Илон Маск и неодамна ја преименуваше, ги избриша сите фотографии објавени во периодот помеѓу 2011 и 2014 година - така барем се чини.

Причината за масовното бришење на содржината не е позната, а утврдено е дека покрај избришаните фотографии не функционираат ниту скратените линкови што го користеа URL Shortener на самиот Twitter. Поради тоа, корисниците на оваа социјална мрежа со причина се вознемирени, бидејќи стравуваат дека засекогаш ги загубиле спомените и податоците.

Приказната започна во саботата кога корисникот Том Коутс, кој креирал профил на Twitter уште во 2007 година, напиша за ова на социјалната мрежа сега позната како Х.

„Уште вандализам од Маск. Twitter сега ги отстрани сите медиумски содржини објавени пред 2014 години. Тоа се речиси десетгодишни објави на фотографии и видеа од раните 2000-ти“, напиша Коутс и приложи пример за своето тврдење.

Се чини дека проблемот е поврзан со доменот за скратување линкови на Twitter, кој е нов URL што Twitter го генерира за да ја следи активноста на корисниците. Овој домен не работи правилно, што предизвика фотографиите и линковите да исчезнат.

Twitter почна да поддржува прикачување на оригинални фотографии во 2011 година, додека пред тоа корисниците мораа да се потпираат на услуги од трети страни како што е TwitPic за објавување фотографии. Сепак, TwitPic се затвори во 2014 година, па многу фотографии од таа ера се веќе изгубени. Работите да бидат уште полоши, дури и фотографиите директно поставени на Twitter од 2011 до 2014 година сега се чини дека се изложени на ризик, бидејќи не се појавуваат на страницата.

Некои корисници на форумот Datahoarder на Reddit, кој е посветен на зачувување на податоците, шпекулираат дека Twitter долго време се обидува да ја премести страницата во доменот X.com. Сепак, засега сѐ е шпекулација и нема официјални информации. Друга теорија е дека X се обидува да заштеди пари за хостирање фотографии, но ниту тоа не е потврдено.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Интернет

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе