X им дава сино знакче на корисниците со повеќе од 2.500 Premium следбеници

Неколку истакнати новинари и други корисници на социјалната мрежа Х добија сини знакчиња за верификација на нивните профили, а Питер Кафка од Business Insider сподели порака која ја добила платформата која е доказ дека промената не е случајна.

„Како влијателен член на X заедницата, ви дадовме бесплатна претплата на X Premium во согласност со условите за користење“, се вели во пораката.

X, исто така, објави појаснување во кое се наведува дека сите профили со повеќе од 2.500 потврдени (платени Premium или Premium+) претплатници со сино знакче добиваат Premium функции бесплатно, а секој со повеќе од 5.000 следбеници го добива нивиот Premium+ без реклами, исто така бесплатно.

Пред оваа промена, единствените корисници кои добиваа бесплатни Premium сини знакчиња беа оние со огромен број следбеници, како и познати личности, корпорации и медиумски компании. Се чини дека новиот потег е начин да се истакнат влијателните корисници со помали следбеници, главно новинари.

Се чини дека X одлучи дека им требаат повеќе новинари со сини знакчиња. По неодамнешните настани, кои го вклучуваат земјотресот во Тајван, изборите во Турција, уривањето на мостот во Балтимор и многу повеќе, некои корисници се пожалија дека X повеќе не е платформа за ударни вести како што некогаш беше Twitter.

Ова е веројатно затоа што новинарите, кои откриваат или шират такви вести, добиваат помалку истакнатост бидејќи алгоритмите на X ја истакнуваат содржината и одговорите на профилите со сини знакчиња. Тоа на пример значи дека дури и оние што не знаат ништо, а платиле 8 долари ќе имаат предност пред искусните новинари кои можат да дадат корисни и вистинити информации.

Но, бидејќи синото знакче стана достапно за сите за 8 долари, има и такви корисници кои се чувствуваат засрамено што го добиле со овој нов потег на X и тврдат дека биле „насилно верификувани“ и се надеваат дека ќе имаат можност да го отстранат знакчето. Новинарката на Business Insider, Кејти Нотопулос, напиша дека станала „сина знакче, промоторка на шибакоин“.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе