За гурмани: Сочно месо со зеленчук, потпечено со бешамел и кашкавал

Пробајте го овој турски рецепт за месо и зеленчук потпечени со бешамел сос и кашкавал.

Балканците не можат да го замислат ручекот без месо, а воглавно се вртат истите јадења. Идеите никогаш не се доволни, па затоа ви предлагаме одличен турски рецепт за месо и зеленчук печени со бешамел сос и кашкавал. Многу лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен.

Потребни состојки:

  • 650 гр говедско месо
  • 50 мл масло
  • 2 кромид
  • 2 црвени пиперки
  • 3-4 зелени пиперки
  • 500 гр печурки
  • 3 чешниња лук
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажица доматна паста
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • ½ лажичка лута пипер
  • ½ чаша вода
  • 1 чаша рендан кашкавал
  • копар (опционално)

за бешамел сосот:

  • 1½ лажица путер
  • 1½ лажица брашно
  • 2 чаши млеко
  • морско оревче (опционално)

Подготовка:

Месото исечкајте го на ситни коцки, па ставете го во тенџере. Истурете топла вода додека не го покрие месото, па покријте (но не целосно) и варете додека не испари целата вода.

Потоа во месото додадете исечкан кромид, ловоров лист и масло, па измешајте. Пржете додека кромидот не омекне, а потоа додадете сечкан лук и пиперките. Сè добро измешајте. Пржете додека пиперките не омекнат. Потоа додадете ја доматната паста, сол, бибер, посипете со лута црвена пипер и измешајте. Намалете го огнот и пропржете уште неколку минути, а потоа додадете ги сечканите печурки. По 5 минути, истурете чаша топла вода и промешајте. Покријте и динстајте уште 7-8 минути. Потоа извадете го ловоровиот лист и оставете го месото на страна.

Во тенџере растопете го путерот, а потоа додадете го брашното и пропржете додека не порумени. Постојано мешајте, па истурете го млекото и убаво измешајте. Гответе додека не се згусне сосот, а на крајот посолете и побиберете. Ако сакате, додадете малку морско оревче и измешајте.

Смесата од месо и зеленчук можете да ја истурите во помали садови, а можете да ја истурете и во поголема тава. Прелијте со бешамел сосот, па посипете со рендан кашкавал. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 20 минути. Пред сервирање украсете со свеж копар или зеленило по избор.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе