За лижење прсти: Говедско со портокал и костен - во тортиља

Говедскиот паприкаш со портокал и костен е фантастична комбинација од месо, овошје и зеленчук, која дава посебен вкус, а се прави етапно.

Говедскиот паприкаш со портокал и костен е богато јадење со состојки и различни вкусови, па затоа е и совршена зимска вечера со сладок и земјен вкус на костени во комбинација со цимет и портокал. Послужете со кремасто пире од компири.

Потребни состојки:

  • 1,5 кг говедски стекови
  • 200 гр панцета (исечкана на коцки)
  • 5 лажици маслиново масло
  • 2 главици кромид (сечкани)
  • 4 чешниња лук (сечкани)
  • 3 моркови (грубо сечкани)
  • 2 стапчиња целер (густо исечени)
  • 1 голем портокал
  • 4 големи гранчиња мајчина душица
  • 2 стапчиња цимет
  • 300 мл црвено вино
  • 750 мл говедски булјон
  • 5 лажици доматно пире
  • малку магдонос (сечкан)
  • 250 гр варени костени
  • сол
  • бибер
  • пире од компири (за сервирање)
  • тортиљи

Подготовка:

За говедскиот паприкаш со портокал и костен загрејте ја рерната на 140°C. Говедското месо зачинете го со сол и бибер. Загрејте голема тава на средна топлина, додадете панцета и пржете 2-3 минути додека не порумени. Извадете го со лажица со дупки и оставете го на страна. Додадете 1 лажица масло во тавата и, во серии, пржете го говедското месо 5 минути додека не порумени, додавајќи уште масло доколку е потребно. Извадете го и оставете го на страна.

Во истиот сад додадете го преостанатото масло со кромидот, лукот, морковот, целерот и малку сол и бибер. Пржете 10 минути. Излупете 3 ленти кора од портокал и додадете ги во садот заедно со говедското месо, панцетата, мајчината душица и циметот. Истурете вино и булјон, додадете 4 лажици доматно пире и сварете. Покријте и префрлете во рерна 2 часа.

Во меѓувреме, ситно изрендајте ја преостанатата кора од портокал и соединете со магдонос и малку сол. Оставете да се измешаат и да пуштат сокови, за да се искористат на крајот.

Извадете ја тавата од рерна, измешајте ги костените и преостанатото доматно пире, поклопете и вратете во рерна уште 30 минути. Вкусете, зачинете, па послужете посипано со мешавина од магдонос и кора од портокал. Гарнирајте со пире од компири и сервирајте во тортиљи.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе