За Лукашенко протестите се оркестрирани од странство, Тихановскаја не ги признава резултатите

Минск, 10 август 2020 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека протестите во Минск и другите градови се оркестрирани од Полска, од Велика Британија и од Чешка.

– Повици се упатени од Полска, од Чешка и од Велика Британија за да се контролираат, извинете, овците, кои не разбираат што прават и лесно е да се контролираат, истакна Лукашенко на состанокот со шефот на Извршниот секретаријат Сергеј Лебедев.

Во меѓувреме, противкандидатката на Лукашенко, Светлана Тихановскаја изјави дека одбива да ги признае официјалните резултати од вчерашните претседателски избори, според кои актуелниот претседател освои 80,23 отсто од гласовите. Тихановскаја освои 9,9 проценти од гласовите, додека другите тројца кандидати освоија помалку од два отсто.

Соработниците на Тихановскаја соопштија дека опозицијата бара повторно пребројување на гласовите. Опозицијата исто така најави дека сака да разговара со државните претставници за мирна промена на власта.

На социјалните мрежи се појави и видео снимка од избирачко место на кое се гледа како член на изборниот штаб се симнува по скалу од втор кат со вреќа, за која се претпоставува дека содржи гласачки ливчиња.

Опозицијата се жали и на други нерегуларности на вчерашните претседателски избори, како затворени гласачки места, граѓани кои гласале пред отворањето на гласачките места и друго.
Според независните истражувања Тихановскаја добила 71 отсто од гласовите, додека Лукашенко само десет. 

URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе