За наградата „Пегаз“ за необјавен роман конкурираат 44 ракописи

Во конкуренција за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината се 44 ракописи, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина“, која со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ третпат го организира конкурсот за оваа награда. Тој беше отворен на 28 април и траеше до 31 мај.

Според организаторите, целта на конкурсот е да открива нови и квалитетни писатели кои би поставиле критериум за книжевните вредности што треба да бидат показател за напредокот на македонската книжевност и култура.

– И оваа година имавме добар одѕив, дури и во периодот на пандемија, што ни покажува дека на нашата книжевна сцена има голем творечки потенцијал и дека „Пегаз“ постепено и амбициозно го гради својот имиџ на важен учесник во унапредување на романсиерската продукција од домашни автори, изјави Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“.

Во претстојниот период пристигнатите 44 ракописи ќе ги оценува тричлено жири, во состав: Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска.

Наградата се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 октомври 2021 година. Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи.

– На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигна 61 ракопис. Беа избрани два победнички романа, „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески, кои беа објавени во посебна едиција, а во подготовка се уште неколку романи што од жирито добија позитивна оценка и препорака за објавување, информира „Арс Ламина“.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

Тагови
реклама

Зошто Кина сака да гради канал до Дунав преку Вардар?

Read more

Порано беше светска шампионка, денес е ѕвезда на сајт за возрасни

Read more

Илон Маск: Земјата е пред колапс, потребни се луѓе за Марс

Read more

Топ 10 најубави плажи во светот

Read more

Култура

Скопје официјално доби ѕидови на кои легално ќе се цртаат графити

Read more

Галичка свадба со младенците Катерина Илиевска и Филип Бундовски

Read more

Нови сознанија за задгробниот живот од антиката во Преспа

Read more

Галичка свадба викендов, претставени невестата и младоженецот

Read more
 

Вести

Повторно протести во Франција против здравствениот пасош и вакцинацијата

Читај повеќе

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Читај повеќе

Топ 10 најубави плажи во светот

Читај повеќе

Во Сибир беснеат повеќе од 220 шумски пожари

Читај повеќе

Од понеделник пријавување за вакцинирање против КОВИД во домашни услови

Читај повеќе

Нови 37 случаи на COVID-19, нема починати

Читај повеќе

Илјадници Австралијци на протест поради рестриктивните мерки

Читај повеќе

Повторно топол бран, од средината на следната недела до 41 степен

Читај повеќе

Казнети и исклучени од сообраќај 91 пијан возач

Читај повеќе