За влез во Словенија повеќе не важат ПЦР тестовите од С. Македонија и регионот

Според одлуката на словенечката Влада, од денеска веќе не е можно да се влезе во таа земја со направен негативен ПЦР тест во институции во земји кои не се членки на ЕУ, односно на шенген-зоната, соопштено е на веб-страницата на Амбасадата на Словенија во Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, за влез во Словенија веќе не важат ПЦР тестовите од Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Како што е наведено, почнувајќи од 25 декември, влез во Словенија без одење во карантин можен е само со негативен ПЦР тест од ЕУ, односно од шенген-зоната, не постар од 24 часа.

Со одлуката се предвидува дека влез во Словенија од земјите на црвената листа, без упатување во карантин или без приложување негативен ПЦР тест е дозволен само за седум исклучоци.

Тоа се лицата кои се вработени во една од земјите-членки на ЕУ или друга земја од шенген-зоната, за што имаат доказ, односно потпишана изјава со која се докажува причината за преминување на границата како дневен работник-мигрант и се враќаат во рок од 14 часа по преминувањето на границата, оние кои вршат меѓународен транспорт, како и лица кои превезуваат стока во Словенија или од Словенија во комерцијален сообраќај или во товарен сообраќај во транзит и ја напуштаат Словенија во рок од осум часа по преминувањето на границата.

Исто така, иземени се лица што патуваат транзитно низ Словенија и ја напуштаат не подоцна од шест часа по влегувањето, претставници на странски безбедносни органи, кои извршуваат службена задача и ја напуштаат Словенија што е можно поскоро по извршување на задачата, лица кои се донесени во Словенија со брза помош и медицинската придружба во тоа возило, како и лица со дипломатски пасош.

реклама

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе