За влез во Србија од 20 декември само со негативен ПЦР тест

Од 20 декември на странските државјани ќе им треба негативен ПЦР тест за влез во Србија, додека на српските граѓани ќе им треба или негативен тест или ќе бидат испратени во десетдневен карантин, јави дописникот на МИА од Белград.

-Донесовме одлука сите ресриктивни мерки што важеа досега да бидат во сила до петок, 18 декември, по што повторно ќе се состанеме и ќе видиме дали ќе воведеме некои дополнителни мерки или ќе ги промениме постојните, изјави министерката за труд, вработување, ветерани и социјални работи и член на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на штабот.

Како што истакна таа, досегашните мерки имале ефекти, иако бројките се на многу високи вредности, но сега гледаме пад кај новозаболените лица и процентот на позитивност. Таа ги повтори мерките – забрана за работа на сите објекти од 17 часот, што не важи за објектите за храна, аптеките и пумпите.

-Исто така, донесовме одлука кога станува збор за контролата на патниците во меѓународниот сообраќај дека на сите странски државјани ќе им треба ПЦР-тест, без оглед на земјата од која влегуваат, и ова ќе важи од 20 декември, најверојатно до 10 јануари, сето тоа ќе зависи од моменталната епидемиолошка состојба, кажа таа.

За српските граѓани кои влегуваат во земјата, доколку немаат негативен ПЦР тест, тие ќе бидат обврзани да бидат во домашна изолација 10 дена, што може да се прекине доколку во меѓувреме се направи негативен ПЦР тест. 

Тагови
реклама

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе