Забрана за влез во Русија и за Камала Харис и Марк Закерберг

Русија попладнево го прошири списокот лица на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите воведени од Западот.

На листата на лица на кои им е забранет влез во Русија сега се најдоа и потпретседателката на САД, Камала Харис, основачот на Facebook Марк Закерберг, како и портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

На ажурираната листа се додадени вкупно 29 американски функционери и новинари.

„На овие лица им е забранет влезот во Руската Федерација на неодредено време“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Минатиот месец забрана за влез во Русија му беше изречена и на американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден не ја има посетено Русија од 2011 година, кога му беше потпретседател на Барак Обама. Неговото патување во Москва вклучуваше разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Во март забрани за влез во Русија им беа изрешени и на државниот секретар Ентони Блинкен, шефот на ЦИА Вилијам Барнс, секретарот за одбрана Лојд Остин и советникот за национална безбедност Џејк Саливен.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more
 

Вести

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе