Заев: Анти-кризните мерки даваат резултати, економијата закрепнува

Имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број во кредитирањето и растот на просечната плата, тоа во услови на економска криза заради пандемијата, а како директен ефект на сите донесени анти-кризни мерки за ублажување на последиците по економијата, стопанството и стандардот на граѓаните.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Собранието.

-Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4 отсто е растот на вкупните приходи, 5 отсто е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100 отсто, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82 отсто или 860 милиони евра. Мерките од петтиот и шестиот пакет се во тек, и сето тоа помогна да го подобриме економскиот резултат за 4,2 процентни поени, потенцираше Заев.

Според него, позитивните движења во економијата најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот,  и соопшти дека во март 2021 година, Управата за јавни приходи реализира наплата на даноците во износ од 7.720.610.346,00 денари, што во споредба со истиот месец во 2020 година претставува повисока наплата кај даноците од страна на компаниите, што е добар знак дека економијата постепено закрепнува.

-Само во април 2021 година приходот од данокот на додадена вредност се бележи наплата повисока за 54% во однос на април 2020 година, нагласи премиерот Заев.

Премиерот Заев додаде дека стопанството е поддржано како никогаш досега и потенцираше дека  редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, и ги реализираме сите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.

Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.

-Сите изминати пакети на мерки даваат видливи резултати. Владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно според калкулациите на Министерството за финансии истиот е амортизиран за 4,2 проценти. И наместо падот да беше 8,7 проценти, ја завршивме 2020 година со 4,5 проценти. Во овие 4,2 проценти се директен ефект од помошта од мерките само заклучно со петтиот пакет на мерки, рече премиерот Заев.  

Во однос на шестиот пакет на мерки, нагласи, самиот пакет опфаќа седум мерки каде што се таргетирани најпогодените сектори во кризата, опфатени во 12 категории економски дејности со вкупна вредност од 17,8 милиони евра што ќе поддржат некаде околу 10 илјади фирми кои вработуваат околу 60 илјади граѓани.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Македонија

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе