Заев: Можно е да стигнат вакцини и во јануари

Можно е земјава да добие вакцини и пред февруари, најави вечерва премиерот Зоран Заев. Според него, сите варијатни се отворени. Има најави и за вакцини од Кина во јануари, но тоа засега не е потврдено. Допрва се очекува да се видат условите.

Во гостување на дневникот на ТВ Сител, Заев рече дека ќе се вакцинира за да испрати порака до граѓаните дека вакцината е безбедна.

-Имаме најави и со Кина за околу 200.000 вакцини за овој месец, но ќе видиме кои се условите. Кина има пет вакцини кои ги поминале фазите и тие веќе се дистрибуираат надвор од Кина и две во фаза на тестирање. Чекаме и од ЕУ од Ковакс механизмот, од кои 100 милиони вакцини се за Западен Балкан, истакна премиерот.

Заев за најавите и точните бројки на вакцини кои ќе пристигнат од европските земји и нашите соседи, како Австрија, Полска, Бугарија, Грција, рече дека и тие добиле десет пати помали количини од најавените. Притоа изрази надеж дека динамиката на продукција и испорака во следниот период ќе биде посоодветна од претходно најавената.

Премиерот информира дека од министерот за здравство добил потврда дека од компанијата Pfizer пристигнуваат првите 5.850 во февруари, од вкупно 800.000 колку што е договорено, но и дека е возможно регистрирани вакцини од регистрирани компании и одобрени од Светската здравствена организација да пристигнат и порано.

-Ветено дека ќе добиеме одредени количини, тоа е европска солидарност, тие ги добија првите количини, а веќе стасуваат и вторите количини во најави. Само пет проценти ако споделат со Западен Балкан, заедно ќе одиме со ЕУ со задоцнување од една недела или две зад нив, рече Заев, нагласувајќи дека е најважно да стигнат вакцините до граѓаните и дека Северна Македонија има средства да набави вакцина, од било која група.

Според него, важно е вакцините да стигнат на време.

-Секако дека ќе се вакцинирам, но, без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните, јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа, подвлече премиерот, додавајќи дека вакцинацијата ќе се врши најпрво кај медицинските работници, пензионерите, хронично болните, а потоа кај останатите граѓани.

Заев најави и дека државата заедно со медиумските работници ќе развие стратегија за јавна кампања која треба да ја подигне свеста кај граѓаните за масовна вакцинација. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе