Заев очекува Мијалков да биде пронајден, во спротивно ќе бара одговорност од институциите

Премиерот Зоран Заев е разочаран што Сашо Мијалков сѐ уште не е пронајден и не е однесен во куќен притвор, што му го одредил судот. Тој очекува институците да направат сѐ тој да биде пронајден и однесен во куќен притвор. Очекува детали од сите надлежни институции за овој случај и како што вели, ако некаде биле констатирани пропусти ќе се бара одговорност.

– Очекувам детални информации и истрага за самиот случај од судот, јавното обвинителство и од МВР. Нашиот народ очекува целосно расветлување на ваквиот случај и понесување одговорност ако не се спроведе судското решение за ставање во притвор на лице за кое се очекува да се донесе пресуда за еден од најважните случаи во РС Македонија, а тоа е разрешницата преку пресуда на Основен суд за случајот со прислушувањето или таканаречен „Таргет-тврдина“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по сведочењето во случајот „Титаник“.

Нагласи дека ќе побара одговорност кога ќе се дознаат сите детали.

– Синоќа судот дал наредба за домашен притвор во 18:30, по што во Бирото за јавна безбедност е примена наредбата и веднаш се преземени дејства. Ред е да ги видиме деталите и ако има било каков пропуст, што не е дозволиво, ќе побарам одговорност, рече Заев.

Според него, дека нема никаков политички договор со Мијалков говори тоа што процесот против него за случајот со прислушувањата е пред изрекување пресуда.

Апсолутно нема политички договор, рече Заев, додавајќи дека е среќен што како извршна власт обезбедиле услови во време, како што потенцира, по режим и грабеж на државата, да се организира јавен процес кој финишира.

– Тој правен процес очекувам седмицава да финишира. Веќе е најавена казна, веројатно заради јавните седници кои се отворени и јавно презентирани и тоа е причината зошто Мијалков не е најден дома, рече Заев.

Тој појасни дека МВР постапува по закон, а тоа значи набљудување на јавни простори за лица за кои постојат соменавања дека би можеле да се впуштат во бегство или сл.

– Јас сум убеден дека МВР го направило таквото постапување, затоа што знам и сум во координација со министерот за внатрешни работи. Но, да ограничи слободи и права треба да постои судско решение. Така што ќе чекаме одговори на овие прашања, рече Заев.

Тој истакна дека треба да се учи од вакви случаи, но додаде, треба да се знае дека обвинител кога дава завршни зборови тој оценува што бара од судот, а завршни зборови имаше минатиот петок. Судот е, вели, исто така тој кој што ја води постапката и е контролор односно управува со целиот предмет, а извршната власт е надвор од целиот сисмет.

– Не се оградувам, можеби ќе испадне пропуст на извршната власт. Давам јавни коментари кој што е надлежен и што можел или не можел да постапи во соодвтениот процес или период. Деновите се пред нас и ќе ги добиеме сите одговори. Тоа е презначајано, народот е гневен, го видовте избликот на нервоза, на очекувања на луѓето. Но, уште еднаш потенцирам, очекувам брзо негово лоцирање, пронаоѓање и спроведување на судското решение. Второ, јавноста чека детали што се случило, каде бил, кога последен пат е виден, кога е издадено судското решение, како постапило МВР, што правел Судот, што правело Јавното обвинителство и согласно тоа, одговорност секако дека ќе има, вели Заев.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд

Министерството за внатрешни работи соопшти дека распиша национална, а ќе побара и меѓународна потерница за Мијалков.

– Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме Судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, информираат од МВР.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе